Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Македонија

Муцунски: Нема да дозволиме по никоја цена да ни бидат погазени идентитетските обележја

Владата нема да дозволи по никоја цена да бидат погазени идентитетските обележја…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата нема да дозволи по никоја цена да бидат погазени идентитетските обележја на нашиот народ, вели министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

Шефот на дипломатијата во интервју за една од националните телевизии посочува дека и во последната дискусија во Европскиот Парламет се докажало дека уставните измени се само еден елемент од сето она што Бугарија сака да ни го наметне во насока на влијание во однос на патот кон полноправно членство во Европската унија.

– Договорот за добрососедство произведува обврски и за двете страни, меѓу другите една од обврските што Бугарија ги има преземено е да го поспешува и да дава поддршка на нашиот пат кон Европската унија. Очигледно одредба од договорот којшто Бугарија одлучува да го прекршува. Во самиот договор никаде не се споменуваат уставните измени, а јас се сеќавам дека во моментот кога се потпишуваше тој договор Бугарија тогаш го означуваше како историски. Треба да се држиме до меѓународното јавно право и треба да се држиме до принципите и треба да посакуваме да живееме во регион кој навистина функционира во рамките на европските вредности, рече Муцунски.

Реклама

Срамно е, дополнува тој, во ова време во кое живеме кое е навистина сложено од безбедносна гледна точка, посебно кога ќе ја земеме во предвид руската агресија врз Украина, нашиот сосед Бугарија да си дозволи да функционира во таков наратив во којшто врши политичка агресија врз нашата држава по однос на идентитетските и националните одбележја на Македонците кои живеат и функционираат во државата.

– И од таа гледна точка јас секогаш повикувам на рационалност, на умереност, но исто така сакам да кажам дека ние како Влада со огромната поддршка што ја имаме од нашите граѓани нема да дозволиме по никоја цена да бидат погазени идентитетските обележја на нашиот народ, наведе Муцунски.

Тој уверува дека како држава ќе направи се што може да не се изгубат средствата од Планот за раст. Потсетувајќи дека средствата се врзани со испорачаните реформи оцени дека државава е меѓу подобрите во тоа, но и дека е факт оти од објективни причини некои од реформите се уште не се реализирани.

– Тоа не значи дека тие средства ќе се изгубат како што често се информираше во јавноста бидејќи ЕУ има создадено механизми доколку се доцни во одредени реформи сепак средствата да не се изгубат. Министерството за европски прашања заедно со другите институции, меѓу другите и со нас, се координира често со ЕУ и работиме на испорачување на голем дел од тие реформи. Објективно некои од нив се блокирани заради процедурални пречки, на пример во Собранието – Изборниот законик, но верувам дека како држава ќе направиме се што можеме да не се изгубат тие средства и што можеме повеќе од тие средства да искористиме за проекти коишто се насочени кон подобар живот, подобар стандард, инвестиции во одредени инфраструктурни проекти, рече Муцунски.