Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Прилози

🎥 Ѓорѓиевски VS Шукова – Градоначалникот и ексминистерката во трка за Скопје

Орце Ѓорѓиевски и Каја Шукова ќе ги кршат копјата за градоначалничкото столче…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Орце Ѓорѓиевски и Каја Шукова ќе ги кршат копјата за градоначалничкото столче во Скопје…  Двајцата главни кандидати, на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со различен политички „беграунд“ ќе ја бараат довербата од скопјани.

Орце Ѓорѓиевски е прв човек на Кисела Вода и долгогодишен кадар на ВМРО-ДПМНЕ. Важи за еден од најпопуларните градоначалици,  кој ужива голема доверба од граѓаните во Кисела Вода, каде изминативе 4 години исполни голем број проекти или како што посочува 95 отсто од ветеното. Има конкретно локално искуство, веќе работел на урбани проекти во општината и тврди дека може да ја пренесе таа енергија на ниво на цел град.

Ѓорѓиевски ветува крупни проекти: воведување градски воз, трамвајска мрежа и модерни, еколошки автобуси – најгорчливот проблем на скопјани. Програмата најави дека ќе ја пишува овие денови на средби заедно со граѓаните.

Реклама

Без толеранција  и милост за загадувачите во Скопје, решение за кучињата скитници во градот и мерки за поддршка на граѓаните преку субвенции за алтернативни горива и нови системи за греење, се дел од идеите на Ѓорѓиевски кои се очекува да се најдат во неговата програма.

  • „Апсолутно сум свесен за девастираноста на Градот, за сивилото коешто владее и во коешто живееме сите скопјани. Но исто така сум спремен по завршување на овие избори повторно да го воскреснам Скопје, односно да Скопје стане град за достоинствен живот за сите наши сограѓани, град без делби. Јас ќе останам достапен и близок до сите граѓани во Градот Скопје. Не очекувајте од мене салонски политичар затоа што и во мојата општина додека раководев изминативе четири години покажав дека сум сѐ освен салонски политичар, односно дека сум човек којшто многу често е во населените места, многу често е меѓу граѓаните и секогаш сум подготвен да ги ислушам нивните потреби и барање“, рече Ѓорѓиевски – Кандидатат за градоначаник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ 06.07.2025

Од другата страна е  Каја Шукова, актуелната потпретседателка на СДСМ и поранешна министерка за животна средина. Мандатот Шукова го помина без некакви видливи промени во однос на екологијата и зачувување на животната средина.

Шукова јавноста ја памети кога пропадна тендерот за изградба на ХЕЦ Чебрен. Македонија до ден денеска не дозна која била причината и  зошто грчката компанија „Архиродон“  не ја продолжи банкарската гаранција со што падна во вода оптимзмот на тогашната Влада за изградба на хидроцентралата. Ексминистерката  молчеше и за загадувањето на заштитната зона околу изворот Рашче кое го обезбедува Скопје со вода за пиење. А јавноста се сеќава и на несогласувањата во Владата за спојување на концесиите на рудникот Иловица-Штука, каде клучна улога имаше министерството со кое раководеше Шукова 

Сега ветува дека Скопје ќе биде град за луѓето — чист, уреден, сообраќајно среден, зелен и безбеден. Град со сите ќе се гоорделе,  дом на сите,  а не пазар на интереси.

  • „Да го исчистиме Скопје и направиме функционални претпријатија за управување со отпадот. Да направиме конкретен план и постигнеме резултати за чист воздух и чиста животна средина. Ова се моите први приоритети, области во кои имам многу знаење и искуство. Да го обновиме јавниот превоз и да создадеме град во кој може да се стигне навреме и без нервози. Да го запреме урбанистичкиот хаос и да ја вратиме контролата на граѓаните врз урбанизмот;“ рече Шукова – Кандидатат за градоначаник на Скопје од СДСМ.

Тој што ќе ја преземе работата од Данела Арсовска факт е дека ќе има полни раце работа. На наталожените проблеми во градот, од оваа година недостатокот на вода ќе биде приоритет за решавање на идниот градоначалник.

Блокирани јавни претпријатија, сообраќајни гужви, нечист град.. ЈСП е во долгови, приватните превозници неколку пати ги паркираа автобусите, хаос во комунална хигиена. 

Локалните избори треба да се одржат во втората половина од месец октомври. Засега барем официјално ДУИ, Вреди и другите партии не се истакнале дали ќе имаат свој кандидат за метрополата.