Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Македонија

Сериозни индиции за незаконско работење на вработени во Националната агенција

Во врска со новинарските објави и јавниот интерес за прашањето на евентуални…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во врска со новинарските објави и јавниот интерес за прашањето на евентуални злоупотреби поврзани со програмите финансирани од Европската Унија, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ја информира јавноста за следното:

Постапувајќи согласно своите надлежности, по споделена информација со Европската комисија, изврши вонредна проверка (ECHE Check) на исполнувањето на условите за користење на статусот „Erasmus Charter for Higher Education“ (ECHE) од страна на приватна високообразовна институција Меѓународен универзитет во Струга, поради основани сомнежи за евентуални неправилности во примената на принципите и критериумите на Еразмус+ програмата, а овозможени од внатрешно вработени лица во Агенцијата. За некои од нив, ЕУ веќе констатирала “фамилизација” со корисници во делот на високото образование.

Дополнително, во координација со релевантните национални тела, времено е одложена евалуацијата во рамки на Евалуационата комисија за високо образование, сè до добивање на официјален став од Европската комисија по однос на акредитацискиот статус на споменатото приватно правно лице, и покрај притисоците од некои вработени, да се продолжи со доделување на средства за предметниот Универзитет од Струга.

Реклама

По спроведена контрола и анализа на доставената документација, утврдени се сериозни наоди кои укажуваат на системски пропусти и потенцијални злоупотреби од финансиска и процесна природа, спротивни на ЕУ регулативите и националните закони. Овие дејствија, според првичните наоди, би биле невозможни без внатрешна поддршка од овластени вработени лица во самата Национална агенција. Поради тоа, отворена е внатрешна истрага за евентуална соработка со надворешни корисници од страна на поединци во институцијата.

Како резултат на сериозноста на наодите, Националната агенција официјално ја извести Европската комисија, Канцеларијата за борба против измами (OLAF) во Брисел, Делегацијата на ЕУ во Скопје, Јавното обвинителство, Финансиската полиција и Министерството за образование и наука. Националната агенција останува доследна во заложбите за заштита на угледот и интегритетот на европските образовни програми, како и на транспарентно и законито користење на средствата на Европската Унија. Во таа насока, сите постапки се водат професионално, непристрасно и во соработка со партнерските институции, како на национално, така и на европско ниво.