Реклама

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Македонија

🎥 Марков: 250 евра ваучери за електронски уреди за 55 илјади студенти, ги градиме темелите на промените

Чест ми е да ви ги презентирам дел од деталите на Законот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Чест ми е да ви ги презентирам дел од деталите на Законот за издавање на вредносни ваучери, рече на денешната прес-конференција Петар Марков од ВМРО-ДПМНЕ.

Станува збор за едно важно законско решение за младите, кое позитивно ќе влијае на животниот стандард на дури 55 илјади студенти во Македонија. Од државната каса издвојуваме цели 850 милиони денари, односно по номинална вредност од 15.300 денари за секој студент на додипломски студии, до 29 годишна возраст. Целта на ова законско решение е Собранието да ја предизвика сиромаштијата, да ја избрише нееднаквоста, и да придонесе против заостанувањето на генерациите во дигиталната ера. Од следната учебна година, студентите ќе може да ги искористат овие пари за лаптоп или за таблет. Пари кои подоцна нема да треба да се враќаат, бидејќи студентите ја заслужуваат оваа поддршка од државата. Ова го правиме затоа што знаеме дека нашата економија нема иднина без дигитализација, а без инвестиција во образованието и стандардот на студентите иднина нема ниту нашата држава. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи македонските студенти да заостануваат или да се создава нееднаквост помеѓу оние кои можат и оние кои не можат да си дозволат нов таблет или лаптоп компјутер, што во модерно време претставуваат основно помошно средство во образовниот процес, истакна Марков.

Ова не го сметаме како трошок. Ова е инвестиција во нашите деца, во нашата иднина. Инвестиција која многукратно ќе и се врати на државата и ќе го засегне секој еден граѓанин во Македонија, додава Марков.