Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Рашела Мизрахи: Правиме чекор напред кон достоинствен пристап до ин-витро оплодување, горда сум што стојам зад ваква политика

Правиме чекор напред кон достоинствен пристап до ин-витро оплодување. Чекор кон здравство…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Правиме чекор напред кон достоинствен пристап до ин-витро оплодување. Чекор кон здравство што не исклучува, здравство посветено на секој еден, соопшти денеска на прес-конференција пратеничката Рашела Мизрахи од ВМРО-ДПМНЕ.

Со измените на законот за здравствено осигурување, храбро се исправиме пред еден длабоко личен, често тивок, но болен проблем. – Неплодноста. Зборуваме за надеж. За живот. За семејство.

Од сега, до шест обиди за ин-витро оплодување ќе бидат покриени од Фондот за здравствено осигурување, нешто што досега беше незамисливо за многу семејства.

Реклама

Законските измени, предложени од страна на парламентарното мнозинство, отвораат ново поглавје за илјадници граѓани кои со години се борат со неплодноста.

Претходно, само првите три обиди за ин витро беа покривани од државата. Но реалноста покажува дека често се потребни повеќе. Медицината не е универзална формула – таа е индивидуален пат. И ние како држава мораме да го препознаеме тоа.

Проширување на бројот на обиди за ин-витро од 3 на 6, покриени од Фондот.

Вклучување на различни типови на БПО процедури, вклучително и:

– со сопствени (автологни) репродуктивни клетки,

– со донорски (алогенеични) ембриони, јајце-клетки или сперма.

Се воведува и поедноставена електронска процедура за поднесување барања.

Подобрен административен и професионален надзор – со скратување на времето за одлучување од страна на Фондот и јасна жалбена постапка.

Македонија застанува рамо до рамо со европските земји кои го признаваат правото на родителство како фундаментално човеково право. Воведуваме јавно финансирање, наместо катастрофални трошоци за граѓаните, и ја симнуваме стигмата од оваа тема.

Ова е реформа што враќа надеж. Ова е реформа што раѓа живот.  Како пратеник, горда сум што стојам зад ваква политика. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со вакви храбри чекори, посочи Мизрахи.