Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Економија

Мицкоски: Во вториот повик за капитални проекти во општините, има повеќе од 800 проекти

Претседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на последниот јавен повик од линијата за 250 милиони евра за развој на општините, изјави:

„Токму така, се враќам од еден таков настан којшто го организира Министерството за локална самоуправа. Можам да кажам дека вториот повик има повеќе од 800, мислам дека беа 862 проекта, точно не ме фаќајте за збор. Најголемиот дел се во Министерството за транспорт, околу 600. Нешто повеќе од 120 беа во животна средина, генерално во двата повика се околу 1.200 проекти. Тука во Велес, 18 проекти имаме. Ова никогаш не се случило. Е сега имаме еден друг проблем, да видиме дали градежно ќе ги затвориме сите тие проекти, бидејќи знаете, 1.200 градилишта кога ќе се додадат на сите оние веќе постојни градилишта, станува проблем за градежната оператива. Ние веќе остваривме еден таков состанок и со Стопанската комора и со Комората на градежници. Правиме гантограм на активности. 20 милијарди денари само за Локалната самоуправа се наменети. Така што оваа поддршка мислам дека е голем мотив и инспирација за општините и за градоначалниците да продолжат да испорачуваат за граѓаните и да го следат примерот на Владата.  Јас сум убеден дека тоа ќе го сторат градоначалниците коишто се од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, не само сега, туку и во иднина, после големата победа којашто очекувам да се случи на локалните избори,“ посочи премиерот Мицкоски.