Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Економија

Поднесените 1 200 проекти од општините го отворија прашањето дали градежната оператива ќе има кацитет да ги реализира

Колку градежната оператива во земјава ќе може да ги реализира проектите пријавени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Колку градежната оператива во земјава ќе може да ги реализира проектите пријавени од општините на двата јавни повика за поддршката од 250-те милиони евра, е проблемот што моменто го разгледуваат Владата и стопанските комори.

Како што информира денеска премиерот Христијан Мицкоски, преку 800 проекти се поднесени од општините на вториот јавен повик од кои најголемиот дел или околу 600 се во Министерството за транспорт, а повеќе од 120 – 130 се во Министерството за животна средина.

Според Мицкоски, на двата повика досега има 1 200 проекти.

Реклама

Не само што немаме зголемување на долгот, туку имаме и намалување. Тоа е реалноста. Нашата задача и обврска е да работиме во интерес на граѓаните. Делата нека зборуваат, немам што да коментир

-Ова не се случило никогаш, но сега има друг проблем, да видиме дали градежно ќе ги затвориме сите тие проекти зашто 1 200 градилишта кога ќе се додадат на останатите постојни, станува проблем за градежната оператива. Ние веќе имавме состанок со Стопанската комора и со Комората на гардежници, нагласи Мицкоски, одговорајжи на ноивнарски прашања по посетата на Велес.

Поддршката од 20 милијарди денари, дополни, треба да биде голем мотив и поттик за општините и градоначалниците да продолжат да работат за грашаните.

-Само за локалната самоуправа се наменети 20 милијарди денари. Оваа поддршка мислам дека е голем мотив за општините и градоначалниците да продолжат да испорачуваат за граѓаните и да го следат примерот на Владата. Убеден сум дека тоа ќе го сторат граодначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, не само сега, туку и по големата победа што очекувам да се случи на локалните избори, потенцира Мицкоски.