Реклама

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Економија

Мицкоски: Не само што немаме зголемување на Јавниот долг, туку имаме намалување на истиот

-Не можам да ги разберам пораките коои што доаѓаат од СДСМ. Тоа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

-Не можам да ги разберам пораките коои што доаѓаат од СДСМ. Тоа што го направи ова Влада во нешто повеќе од едена година, токму спротивен спротивен процес. Факт е дека во март месец имаме намалување на јавниот долг за 4,7% од БДП, истовремено, треба да се напомене дека вративме еврообврзница која што е земена од претходната Влада во 2018 година од половина милијарда евра, крајот на јануари месец. Министерството за финансии жестоко се бори да ја оддржи макроекономската стабилност, а без притоа да не имплементира нови давачки, да не го зголеми ДДВ, да не ја зголеми возраста за пензионирање, нешто што е барање и од меѓународните институции. Жестоко се бориме, со онаа одлука на Устевен суд да ги вратиме оние 50-тина милиони евра данок на солидарност кој што минатата Влада ги зема, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски откако беше запрашан во однос на обвинувањата од страна на опозицијата дека оваа Влада премногу се задолжила.

Премиерот Мицкоски истакна дека јавниот долг не се зголемува туку напротив истиот се намалува.

-Сето она кое што сме се задолжиле е за да вложиме во капитални инвестиции, а не како што тоа го правеше претходната Влада за пензии, за плати и т.н., а сепак, наоѓаме ликвидност да функционираме, да реализираме проекти, да корегираме грешки од минатото. Исто така, треба да се напомене дека се бориме буџетскиот дефицит да го намалиме под 4%, така што јас знам колку вложуваат сите членови во владата. Колку вложува министерството за финанси за да ја одржи оваа макроекономска стабилност, а притоа немаме зголемување на цената на електричната енергија за граѓаните, практично зголемување на пензии, вративме плати, тие што им се должеа на граѓаните, не само што немаме зголемување на долгот туку имаме намалување на долгот, тоа е реалноста затоа што едноставно нашата задача и обврска е да работиме во интересот на граѓаните, рече премиерот Мицкоски.