Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Економија

Трипуновски: За 1 година над 170 договори за закуп на земјоделско земјиште раскинати поради злоупотреби

„Јавните повици кои што ги распишуваме наменети се за помалите земјоделци кои…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Јавните повици кои што ги распишуваме наменети се за помалите земјоделци кои што не можат да го достигнат прагот за ИПАРД средства. Ние како држава ги помагаме за да влезат во процесот, да застанат на свои нозе и да можат наредните години да бидат корисници на ИПАРД средства“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во вчерашното гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија.

Министерот Трипуновски посочи дека преку јавните повици и земјоделските стопанства можат да го модернизираат своето производство.

„Ова е еден од начините како помагаме на помалите земјоделци. Не зборувам само од аспект на финансиски поддршка, туку и во аспект на распределба на земјоделското земјиште. Ако сакате некого да убедите да влезе во земјоделски процес потребно е да му дадете механизација, но и земјоделско земјиште“, појасни министерот.

Реклама

Тој посочи дека во изминативе 12 месеци се реализираа два јавни повика за распределба на земјоделско земјиште при што беше опфатена целата територија на Македонија. Над 2.100 договори се склучија, се распределија околу 6.000 хектари.

„Морам да потенцирам дека не течеше само процесот на распределба на земјоделско земјиште, туку течеше и процесот на контрола на евентуални злоупотреби при што над 170 договори се раскинаа во изминатава година дена, повеќе од 2.500 до 3.000 хектари се ослободени“, истакна министерот.

Министерот Трипуновски посочи дека контролата ќе продолжи за да се спречат злоупотребите на земјоделско земјиште. И одземеното земјиште ќе биде распределено кај земјоделците кои што сакаат да работат.