Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Економија

Странски инвестиции од 1 милијарда и 255 милиони евра, се креираат услови и мерки за домашните и странските инвеститори кои имаат партнер во Владата

Соопштение на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ по најавите за странски инвестиции. „Владата предводена…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Соопштение на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ по најавите за странски инвестиции.

„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ создава услови за нов циклус на економски раст. Се поттикнува економската слобода на инвеститорите преку креирање на фер услови за сите стопански субјекти.

За разлика од минатото денес имаме економија која расте, инвеститори кои ги препознаваат можностите во земјава, раст на индустриското производство и извоз кој се зголемува. Владата на СДСМ и ДУИ се фокусираше на провизиите и не беше заинтересирана за странски инвестиции и отворање на нови работни места.

Реклама

Наместо креирање услови за компаниите и инвестиции СДСМ и ДУИ се грижеа како лично да профитираат, а недостатокот на доверба кај инвеститорите во владата на СДСМ и ДУИ доведе до тоа инвеститорите да заминат или да ги забават своите инвестиции во државата.

Посветеноста на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ на изградба на економија базирана на факти, докази и долгорочно планирање дава резултати.

Имаме рекорден број странски инвестиции од 1 милијарда и 255 милиони евра.

Реалниот раст на бруто-домашниот производ во првиот квартал од 2025 изнесува 3,2 проценти.

Како резултат на зголемената конкурентност, зголеменото производство и пласман на производите на странските пазари имаме зголемен извоз за 3,15 проценти во периодот јануари-мај, додека увозот бележи раст од само 1 процент.

Индустриското производство во мај порасна за 9,4 проценти во споредба со истиот месец минатата година.

Трговскиот дефицит е намален за 80тина милиони долари во првите два месеци од вториот картал, за месеците Април и Мај, што е намалување за 13 проценти споредено за истиот период од минатата година.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува да креира мерки и проекти со цел економски раст и унапредување на економија за поквалитетен живот на граѓаните.

Ги градиме темелите на промените.

Доаѓа времето на Македонија.“