Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Економија

Трипуновски: Нашата работа вроди со плод, денес имаме откупна цена од 12 денари за килограм пченица

Министерството изминатиот период водеше интензивни разговори со земјоделските здруженија, со мелничко –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството изминатиот период водеше интензивни разговори со земјоделските здруженија, со мелничко – пекарската групација при Стопанската комора. Имавме и неколку состаноци со потсекторската група во Министерството за конкретната тема. Она што го соопштивме во јавноста како заклучок е дека оваа година за првпат првата и втората категорија на пченица ќе се откупува по цена од 12 денари, дополнително на оваа сума треба да се платат и транспортни трошоци и ДДВ од страна на мелничарите, што значи дека ако пченицата доаѓа од краеви каде што нема млинови ќе биде платен дополнително и транспортот“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија.

„Согласно укажувањето на науката и на земјоделските здруженија имаме добри приноси оваа година и квалитетот на пченицата е добар. Во текот на на жетвата е вклучен и Земјоделскиот инспекторат кој што ќе ја следи целата процедурата во делот на откупот“, појасни министерот.

Министерот Трипуновски додаде дека интенцијата на Министерството и на Владата е да се заштити трудот на земјоделецот.

Реклама

„Дополнителна стимулација дадовме за ланската жетва од три денари и низа други активности резултираа оваа година да имаме зголемување на површината под пченица, близу 70.000 хектари се засеани со пченица. Имаме зголемување во однос на 2024 година за 1.200 хектари“, посочи тој.

Тој истакна дека после неколку години Македонија ќе го достигне квантитетот за домашните потреби кои што ги имаме како држава, тоа е некаде околу 300.000 тони.

Во текот на своето интервју министерот Трипуновски посочи дека како Влада ќе го покрива трошокот за складирање на пченицa.