Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Економија

Мицкоски: Подаваме рака на домашните и на странските инвеститори, не само декларативно, туку суштински

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски одржа прес- конференција на кој информира дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски одржа прес- конференција на кој информира дека одржале важен состанок со Советот за странски инвестиции.

Подаваме рака и на домашните, и на странските инвеститори. Не само декларативно, туку суштински низ институционална поддршка, предвидливи правила и директна комуникација. Проблемите ги решаваме заедно.

Потполно сум свесен дека граѓаните сеуште живеат тешко и дека недостатокот на пари е присутен. Но промените ќе ги дадат конкретните резултати многу побрзо и ние вложуваме напори тоа да биде час поскоро и посилно, ефектите од ваквиот раст во економијата неминовно ќе се почувствуваат и јас сум сигурен дека се движиме во добра насока.

Реклама

Можам да најавам дека се водат активни разговори за нови инвестиции во автомобилската индустрија, ИТ секторот, логистиката и агро-преработката. Исто така, разговараме со САД за можни царински олеснувања и верувам дека ќе бидеме во групата земји кои што ќе бидат наскоро објавени, кои што ќе имаат услови најповолни за да извезуваат на американскиот пазар.

Сето ова не доаѓа преку ноќ. Но доаѓа тула по тула, бидејќи се градат темелите на промените.

Ние не ветуваме чуда, туку многу работа. Секој ден. За секоја инвестиција, за секое ново работно место, за секој денар повеќе во буџетот, за секој чекор напред на државата.

Ова е времето на реални резултати. Времето на економски патриотизам. Ова е времето кога наjдоброто доаѓа, додаде Мицкоски.