Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

38 возила ставени во употреба за гаснење на пожари, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ има конкретен план за справување со пожарите во претстојната сезона

Соопштение на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ во врска со пожарите низ државата „За…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Соопштение на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ во врска со пожарите низ државата

„За разлика од годините наназад оваа година Владата одвои повеќе ресурси и средства со коишто борбата против пожарите ќе се поедностави, а капацитетите се зголемуваат.

СДСМ ја оставија државата без опрема за гаснење пожари и без луѓе. СДСМ 7 години не набави ниту едно возило за гаснење на пожари. За разлика од тогаш денес Владата има конкретен план за справување со пожари во претстојната сезона.

Реклама

38 возила се ставени во употреба за гаснење на пожарите, Македонија за прв пат со оваа Влада добива интервентна пожарна со 50 специјализирани возила за гаснење на шумски пожари, кои имаат одлични карактеристики и капацитети за справување со тешко достапни терени.

Досега имаше само територијални противпожарни единици но немаше ниту едно шумско возило или возило за отворен пожар.

Армиските и полициските возила се пренаменети и ставени на располагање на Владата и на Дирекцијата за заштита и спасување со цел зголемување на капацитетите за справување со пожарите во земјава.

Со пренамена на полициски и армиски возила државата заштедува неколку десетици милиони евра а се зголемуваат капацитетите за гаснење на пожари.

Исто така се очекува во текот на неделата да стигне од сервис и вториот авион којшто беше на сервис, а третиот се очекува да дојде до крајот на месецот или почетокот на август.

На располагање се и по два полициски и армиски хеликоптери кои се подготвени доколку има поголеми пожари и огнени стихии.

Со цел подобрување на состојбите во противпожарните единици ширум Македонија, кои од минатата власт беа оставени во катастрофална состојба без соодветни технички услови и човечки ресурси, се работи и на засилување кадровскиот потенцијал.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на сериозна и целосна трансформација на целиот систем за управување со кризи.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи посветено и има план за полесно справување во претстојната сезона на пожари.

Ги градиме темелите на промените. Доаѓа времето на Македонија.“