Реклама
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ со одговор до Шукова: Небулозно е СДСМ да говори за странски инвестиции кога народот го оставија со 150 денари на ден

ВМРО-ДПМНЕ веднаш одговорија на критиките од СДСМ, оценувајќи ги како лицемерни и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ВМРО-ДПМНЕ веднаш одговорија на критиките од СДСМ, оценувајќи ги како лицемерни и неосновани.

„Небулозно е СДСМ да зборува за инвестиции, кога ја оставија државата на раб на банкрот, со празна буџетска каса и 600.000 граѓани кои живееја со помалку од 150 денари на ден“, велат од партијата. ВМРО-ДПМНЕ посочува дека денес државата бележи рекордни странски инвестиции од 1,2 милијарди евра, раст на пензии, плати и инфраструктурни проекти, за разлика од, како што велат, хаосот што го оставија СДСМ и ДУИ.