Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Економија

Во мај за работите на коридорите 8 и 10д исплатени 681.026.665 денари

Изведувачот на автопатските делници на коридорите 8 и 10д (Тетово-Гостивар, Гостивар-Букојчани и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Изведувачот на автопатските делници на коридорите 8 и 10д (Тетово-Гостивар, Гостивар-Букојчани и Прилеп-Битола) во мај продолжил да извршува претежно работи за геотехнички истражни работи, проектирање и спецификации на автопат, проектирање на експропријација, активности за откривање на експлозивни направи, работи за привремено управување со сообраќајот и за мобилизација, како и градежни активности главно за земјени работи и конструкции.

Во мај годинава, според Извештајот од надзорот за прогрес на работите, имало една исплата од државата кон конзорциумот „Бехтел и Енка“ преку Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) во износ од 681.026.665 денари (11 милони евра). Од почетокот на годинава имаше уште две исплати од 599.794.350 денари, на 22-ри април, и од 524.972.228 денари, на 30-ти април. Досега се исплатени над 312 милиони евра, согласно Договорот склучен во март 2023 година, за кој првичните проекции се дека ќе чини 1,3 милијарди евра.

Извештајот, објавен на веб страицата на Јавното претпријатие за државни патишта, покажува дека завршени се 87 проценти од проекциите за експропријација за автопатската делница Тетово-Гостивар, 72 проценти за Гостивар-Букојчани, а 78 проценти за делницата Прилеп-Битола.

Реклама

Според Извештајот, за делницата Тетово-Гостивар се реализирани 100 проценти од геотехничките истражувања, за Букојчани-Гостивар 73 проценти, а за Прилеп-Битола 63 проценти.

Надзорот регистрира напредок од 69 проценти на работите за спецификација и проектирање на автопатот Тетово-Гостивар, од 35 проценти за Букојчани-Гостивар, а 50 проценти за Прилеп-Битола. За делницата Требеништа Ќафасан, според најавите, ќе се ревидира трасата со оглед дека постојниот проект го загрозува заштитениот статус на Охридско Езеро и регионот.

Во активностите, изведувачот заклучно со мај годинава ангажирал 1929 лица и 1119 градежни машини.лв/са/Ффото: ЈПДП/ Извештај од надзор за прогрес на работите на коридор 8 и 10д.