Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Економија

Дурмиши: Со инвестиции, вработување и локален развој се бориме со демографската криза

Министерот за економија и труд, г. Бесар Дурмиши, денеска се обрати на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за економија и труд, г. Бесар Дурмиши, денеска се обрати на панелот „Влијание и справување со предизвиците на демографските трендови“, во рамки на настанот посветен на демографијата како стратешко прашање за иднината на земјата.

Министерот Дурмиши истакна дека демографските трендови – како што се намалувањето на наталитетот, иселувањето на младите и стареењето на населението – се економска реалност што бара системски пристап и долгорочни решенија.

– Нашиот одговор не е декларативен, туку конкретен, проактивен и темелен на реални податоци и потреби. Преку инвестиции во човечки капитал, активни мерки за вработување и поддршка на локалниот економски развој, ја градиме економијата на иднината“, рече министерот.

Реклама

Како дел од економските политики што директно одговараат на демографските предизвици, министерот го истакна Оперативниот план за вработување за 2025 година, во вредност од 40 милиони евра, преку кој се поддржуваат над 10.000 граѓани со обуки, практикантства, самовработување и грантови за младите претприемачи. Посебен фокус има врз регионите кои се демографски најзагрозени.

– Само со силни локални економии можеме да го ублажиме ефектот на миграциите и да ги задржиме младите во своите заедници. Наша обврска е да обезбедиме еднакви можности за сите – независно каде живеат, порача Дурмиши.

Министерот повика на заедничка акција и поширока општествена коалиција – меѓу институциите, бизнис-секторот, академијата и граѓанските организации – со цел градење економија што ќе одговара на реалноста, но и ќе ја менува на подобро.