Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Економија

Стојкоски: ДПИ како никогаш до сега се вклучи во анализа на цените, приоритет ни е интересот граѓаните и заштита на потрошувачите

По преземањето на одговорноста во државниот пазарен инспекторат работиме со засилено темпо…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По преземањето на одговорноста во државниот пазарен инспекторат работиме со засилено темпо и со јасна цел да обезбедиме почитување на законите и еднаков третман на сите правни субјекти. А, пред се наша приоритетна цел е заштитата на потрошувачите, односно заштитата на граѓаните на Република Македонија, рече Влатко Стојкоски, организационен секретар на ВМРО-ДПМНЕ и директор на Државен пазарен инспекторат на денешната трибина во Струмица на тема „Една година ги градиме темелите на македонското земјоделство и храна’’.

Стојкоски посочи дека од први ноември 2024 година до први јули 2025 година, Државниот пазарен инспекторат изврши над 18 илјади надзори по правни субјекти, каде што се изречени над 4500 мерки, односно над 110 милиони денари издадени платни налози и над 150 издадени решенија за забрана за вршење на дејност.

„По задолжение на Владата на Македонија, односно Министерството за економија и труд, ДПИ се вклучи како никогаш до сега во анализа на цени, односно контролирани беа над 100 правни субјекти во трговијата на големо и трговијата на мало“, рече, меѓу другото, Стојкоски.

Реклама

Стојкоски додаде дека анализата покажа дека зголемувањето на цените на производите доаѓа од кај увозна прехранбена стока, додека зголемувањето кај домашните производи е минимално.