Реклама

6.800 денари наспроти 540 денари – Мицкоски со споредба за пензиите

35 пожари во едно деноноќие: Драматична борба со огнот во Македонски брод, Прилепско и Липково

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Македонија

Состанок со раководството на УНЕСКО во Париз – заштитата на Охридскиот регион и Охридското Езеро како приоритет

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николовски, учествуваше на важен состанок со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николовски, учествуваше на важен состанок со раководството на УНЕСКО во Париз, посветен на заштитата на Охридскиот регион и Охридското Езеро. Во својата изјава, Николовски истакна дека овие прашања мора да одат рака под рака со развојот и благосостојбата на жителите на општините Охрид и Струга.

„Морам да потенцирам дека вакви состаноци недостасувале во минатото. Аргументите на Македонија никој не ги презентирал и често се носеле еднострани одлуки на штета, пред се, на жителите на Охрид и Струга. Тоа мора да се промени“, нагласи вицепремиерот.

Тој додаде дека иако одредени извештаи се во напредна фаза на подготовка, со проактивен пристап работите ќе се менуваат во годините што следат, со цел да се обезбеди одржлив развој и зачувување на природното и културното наследство на регионот.