Реклама

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Македонија

Мицкоски: Се усвои Предлог-законот за соодветна и правична застапеност

Од првиот ден на мандатот, Владата што ја предводам е посветена на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од првиот ден на мандатот, Владата што ја предводам е посветена на унапредувањето на добрите меѓуетнички односи како еден од најважните императиви за стабилна, праведна и европска држава. Оваа определба добива уште поголема тежина ако се има предвид хаосот, поделбите, клиентелизмот и масовните злоупотреби што зад себе ги остави минатата влада, посочи премиерот Христијан Мицкоски.

-Наша важна должност и обврска е да се издигнеме над оваа наследена состојба и да градиме институции што не делат, туку обединуваат; што ги отвораат вратите за најдобрите, најобразованите и најуспешните! Денес, Владата го усвои Предлог-законот за соодветна и правична застапеност, закон со кој отвораме ново поглавје на професионализам во јавниот сектор на државно и на локално ниво. Овој закон има една јасна цел: администрацијата да биде вистински сервис на сите граѓани, но изградена врз заслуги, знаење, професионалност и интегритет, согласно Уставот и Охридскиот рамковен договор. За разлика од времето кога партиска книшка беше поважна од дипломата и стручноста, ние поставуваме нов стандард: знаење, интегритет и заслуги.Имаме обврска, после толку години на злоупотреби, да раскрстиме со минатото, градејќи институции кои не ги поддржуваат послушните, туку ги вреднуваат способните. Јавен сектор каде што млад човек со квалитет може да напредува, посочи тој.

Премиерот истакна дека овој Предлог-закон ќе го достават на разгледување до Венецијанската комисија – затоа што сакаат највисоки стандарди и целосна усогласеност со европските вредности.

Реклама

-Законот ќе биде поднесен до Собранието откако ќе го добиеме мислењето од Венецијанската комисија. Ова не е чекор како што одредени политички партии сакаат да го злоупотребат против овој или оној. Ова е одговорност кон сите! Градиме држава што е праведна кон сите, што ги почитува сите и која напредува само ако напредува и секој еден граѓанин во неа. Со овој закон, воспоставуваме баланс и го поставуваме и темелот на професионална, транспарентна, модерна и мултиетнички силна администрација. Силна и стручна администрација не е прашање на етничка припадност, таа е еднакво важна за секој граѓанин, без разлика од која заедница доаѓа, рече премиерот.

Мицкоски истакна дека кога институциите се праведни и ефикасни, сите граѓани добиваат подобра услуга.

-Тоа е темелот на трајна меѓуетничка доверба и вистинска сплотеност. Законот е гаранција дека етничките заедници ќе бидат соодветно и правично застапени, но истовремено во таков еден процес тој ќе ги штити квалитетите на сите етнички заедници. Овој закон е одличен баланс и поттик за квалитетите и ги штити правата на сите. Им честитам на коалицијата ВЛЕН и на другите претставници на етничките заедници, ова е многу важен закон за македонците, за Албанците, за Турците, за Ромите, за Бошњаците, за Србите, за Власите и за сите, затоа што е закон кој ќе стимулира и ќе дава шанса, истовремено запазувајќи го квалитетот, порача тој.