Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Муртезани на средба со претставници на Програмата за развој на трговското право при Министерството за трговија на САД (CLDP)

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска оствари средба со претставници на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска оствари средба со претставници на Програмата за развој на трговското право при Министерството за трговија на Соединетите Американски Држави (CLDP) и на Амбасадата на САД во Македонија, на која што беше истакната заедничката заложба за унапредување на правната рамка и подобрување на инвестициската клима во Македонија, соопштија од Министерството.

Во рамки на средбата било потенцирано дека странските директни инвестиции се еден од клучните столбови на економската стратегија на државата, особено имајќи предвид дека станува збор за мала и отворена економија.

-Сепак, имајќи ги предвид глобалните геополитички случувања и потребата од зголемена претпазливост, неопходно е воведување на национален механизам за проверка на странските директни инвестиции, во согласност со критериумите и стандардите предвидени со Берлинскиот процес, Регулативите на ЕУ и НАТО стандардите за безбедност и заштита на јавниот ред и мир, велат од МЕП.

Реклама

Министерот Муртезани посочил дека Владата веќе презема конкретни мерки за унапредување на правниот и институционалниот амбиент за инвестирање, при што особена улога има работната група составена од експерти од надлежни институции на Македонија, со поддршка од CLDP и Амбасадата на САД во земјава.

Тој информирал за работната група која изминативе месеци активно работела на изготвување на нов нацрт закон за проверка на странските директни инвестиции кој има за цел да обезбеди поголема транспарентност, предвидливост и подобрена институционална координација, со што би се создале услови за посигурна, а со тоа и попривлечна деловна околина за домашните и странските инвеститори.

Министерот истакнал и дека првиот нацрт текст претставува почетна, но стратешка основа и оти следуваат дополнителни консултации со сите релевантни засегнати страни, вклучително и со бизнис заедницата. Во таа насока, била изразена благодарност за досегашната соработка и поддршка од американските партнери, со уверување дека ваквите иницијативи претставуваат вистинска насока кон создавање праведна, модерна и предвидлива законска рамка која ќе го поттикне економскиот развој и владеењето на правото.