Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Економија

Јавниот повик е распишан: Следува набавка на 120 електрични еколошки автобуси

Веќе е распишан јавниот повик за набавка на 120 електрични еколошки автобуси,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Веќе е распишан јавниот повик за набавка на 120 електрични еколошки автобуси, а согласно Законот за јавни набавки понудите се собираат во рок од 30 дена и треба да стигнат до средината на јули, најави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Автобусите, како што кажа, ќе доаѓаат со станици за полнење.

-Предвидено е на два автобуси да има најмалку една станица за полнење   што значи дека целиот систем е добро осмислен. Се надевам дека ќе имаме поголема конкуренција и дека повеќе компании ќе се пријават на повикот. Со тоа би ги имале најдобрите и најмодерни автобуси со најдобра цена, рече Николоски во одговор на новинарско прашање на пуштањето во употреба на реконструираниот регионален пат Понов мост – Богданци на кое присуствуваше и премиерот Христијан Мицкоски.

Реклама

Од 120. Автобуси, како што кажа, се очекува 80 да бидат наменети за градскиот превоз во главниот град, а останатите 40 да им бидат поделени на општините кои извршуваат јавен превоз.

-На тој начин се надевам дека ќе помогнеме не само за побрзо и поефикасно да стигнуваат граѓаните во рамки на општините во кои живеат, но и за заштита на животната средина зашто се работи за целосно електрични автобуси кои треба да намалат голем дел од загадувањето.