Реклама

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Македонија

Петрушевски: Тоа што Филипче не побара оставка од Акиов е доказ дека тепањето во Кочани е негово сценарио

Тоа што Филипче не побара оставка од Акиов е доказ дека тепањето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Тоа што Филипче не побара оставка од Акиов е доказ дека тепањето во Кочани е негово сценарио. Вчера кажавме дека Венко Филипче го скроил планот за дестабилизација во Кочани заедно со Заев во Дубаи. Како дел од тој план е и тепањето во кочанскиот Совет, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

-Аки Акиов, тепачот од Кочани е човек на Заев и Филипче. Тепачот на Филипче имаше една единствена цел, да ја разгори омразата во Кочани, која СДСM преку партиски прес-конференции и соопштенија со денови ја зовриваат. СДСM целно оди кон дестабилизација во Кочани. СДСM ја злоупотребува трагедијата и траорот на луѓето, за ситни политички поени, рече тој.

Петрушевски порача дека втората фаза на планот на СДСM е да продолжи тензијата во Кочани и да продолжи насилството.

Реклама

-Заев и Филипче мислат дека доколку се создаде хаос, тие како опозиција ќе добијат глас повеќе. И Заев и Филипче се лажат. Ниту ќе добијат глас повеќе, ниту некој им верува. Прочитани се, истакна пратеникот.