Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Ивановска: Со зголемување на проактивноста на МОН, расте и поддршката од ЕУ за развој на образованието

Како се зголемува проактивноста на МОН и се остваруваат програмските цели, така…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Како се зголемува проактивноста на МОН и се остваруваат програмските цели, така пропорционално расте и поддршката од Европската унија за развој на националниот образовен систем и за градење на квалитетен човечки потенцијал. Очекувам нашата добра соработка да продолжи и во иднина, за да изградиме општество од кое младите не заминуваат, туку остануваат, придонесуваат и водат.

Ова го истакна државниот секретар во Министерството за образование и наука, Елена Ивановска на денешната завршна конференција на шестгодишниот проект „ЕУ за млади“ кој има значаен придонес во развојот на стручното образование и обука во државата.

– Проектот даде исклучително значајни резултати и токму тие се основата за нова акција во која повторно младите ќе бидат во нашиот фокус. Значително е подигнат квалитетот на стручното образование и обука и зголемен бројот на ученици во стручните училишта, а зајакната и унапредена е законската регулатива. Формирани се три регионални центри за стручно образование и обука кои се модерно опремени и успешно функционираат, а отпочнт е трансформативниот процес на други четири училишта кои треба да прераснат во регионални центри, рече Ивановска, додавајќи дека подобрени се и капацитетите на институциите за анализа, планирање и креирање на политики насочени кон младите.

Реклама

Ивановска посочи дека голем број млади, лично ги почувствуваа придобивките од проектот. Стекнаа знаења и вештини со кои се конкурентни на пазарот на човечки капитал, лесно наоѓаат работа и се интегрираат во општествените процеси.

– Се разбира дека ние ги поддржавме и од повеќе други аспекти, на пример преку прифаќање на десетина нивни барања само во последниот период од една година, кои во најголем дел се однесуваа на подобрување на ученичкиот и студентскиот стандард. Ги вклучивме и во креирањето на политики и закони. Ја подобривме инфраструктурата во која тие се образуваат и ќе споделам дека само во моментов имаме активни инвестиции во вредност од над 32 милиони евра, информираше државниот секретар.

Изрази задоволство што ЕУ ги вреднува националните постигнувања со обезбедување на уште поголема поддршка и очекувања дека соработката ќе продолжи заради забрзана интеграција на Македонија во европското семејство.