Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Економија

Николоски: Градски воз, еколошки автобуси и трамвај, три клучни проекти на кои работиме за Скопје

Градски воз, замена на автобусите и трамвај, се трите проекти кои му…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градски воз, замена на автобусите и трамвај, се трите проекти кои му се неопходни на Скопје за значително подобрување на состојбата со загадувањето на воздухот, ова го потенцираше вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

-На помалата верзија за проектот градски воз работиме со сопствени средства, а подолгата верзија влегува во овој така наречен “британски проект”. Значи дел од брзата пруга ќе е и големата верзија на градски воз во Скопје. Во однос на вториот проект, замена на автобусите, еве ексклузивно да кажам, излезе повикот за набавка на 120 еколошки автобуси, од кои што 80 ќе бидат за Скопје. И третата работа која што му треба на Скопје е дефинитивно трамвај. Ги направивме ли овие три работи, мислам дека најголем дел од загадувањето од возилата ќе се намали. Вториот е со загревањето, за тоа премиерот веќе најави една поамбициозна агенда, каде што ќе се обидеме да донесеме парно греење до најголем дел од домаќинствата, истакна Николоски.