Реклама

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Македонија

Кога зборува Филипче, јавноста не слуша план, туку ехо од Дубаи

Кога зборува Филипче, јавноста не слуша план, туку ехо од Дубаи, се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кога зборува Филипче, јавноста не слуша план, туку ехо од Дубаи, се наведува во соопштението како реалција на ставовите на Венко Филипче.

„Мицкоски рече дека досега исправал и пополнувал дупки и решавал проблеми што на Филипче, пајташите и самиот Филипче ги оставиле во државата.

Дупки, недоследности и неодговорности во работењето што ја оставија државата разурната и уништена, ограбена, пред банкрот, осиромашена, удавена во инфлаторни шокови, со секој трет граѓанин што сака да си замине од земјава.

Реклама

Кога ќе зборува Филипче, јавноста не слуша план, туку ехо од Дубаи“, потенцираат во реакцијата.

Човекот кој четири години беше дел од најрасипничката и најкорумпираната власт во историјата на Македонија, сега од удобната опозициска фотелја се осмели да зборува за работа?! Па токму Филипче беше симбол за „ништо не работеше“ – освен кога се делеше тендер, договараше провизија или се распарчуваше здравството, нотираат во реакцијата.

„Христијан Мицкоски и Владата ја презедоа државата во најтешка можна состојба – оставена во долгови, со уништени институции, со криминализирана администрација и со економија на колена. И наместо да навива против Македонија, Филипче конечно треба да го прифати фактот: времето на шминка, лажни пресови и празни флоскули заврши.

Работиме – и ќе работиме. И не за фотосесии или спотови, туку за народот. А ти, Венко – одмори. Плажите во Дубаи повторно чекаат“, додаваат од владејачката партија.