Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Прилози

Македонската економија конечно се раздвижува: Бенефит ќе имаат и компаниите и граѓаните, ќе растат и платите

По долги години македонската економија се раздвижува во позитивен правец, бројките покажуваат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По долги години македонската економија се раздвижува во позитивен правец, бројките покажуваат дека има квалитетни процеси што ќе овозможат економски раст во периодот што следи. Според познавачите бизнис секторот растот на прометот во индустријата за шест проценти во април годинава, во однос на истиот месец лани, се добредојдени и за компаниите и за работната сила. Потпретседателот на Сојузот на стопански комори, Горан Ѓоргиевски за Алфа вели не само растот во индустријата, туку радуваат и другите позитивни бројки во економскиот дел.

-Ова е сериозно значајно, овие бројки покажуваат дека имаме исчекор сериозен во однос на економските процеси во државата, затоа што нели раст повторно имаме од 15 проценти чинам растот на кредитите кои што се доделуваат на правите субјекти. Понатака одобренијата за градење што исто така е еден сериозен параметар кој што покажува активност економска, чинам дека беа околу 40-тина проценти, исто така и бројот на туристите се зголемува, изјави Ѓоргиевски. 

Позитивните бројки голем бенефит ќе донесат и за самите граѓани. Ако се остварат проекциите и целите на Владата, автоматски ќе растат и платите.

Реклама

-Платите ќе се покачат, но тука е важна и продуктивноста повторно ќе кажам, затоа што компаниите мораме како егземплар да ги гледаме дека они не можат да покачуваат плата ако платата не е поврзана со подигнување на продуктивноста во нивните компании, со подигнување на конкуретноста, со зголемен извоз, со зголемено производство, со зголемен пласман, со зголемени иновации, тоа се суштинските процеси на кои што треба да се работи во идниот период, изјави Ѓоргиевски.

Со тоа би се решил и недостатокот на работна сила. Според Ѓоргиевски тоа е еден е еден од најголемите проблеми на компаниите.

-Најголем проблем со кој се соочуваат компаниите се недостатокот на човечки ресурси, многу луѓе заминуваат мислам, можеби тоа не е трајно заминување, од аспект на тоа дека одат да работат во другите европски држави. Меѓутоа сето тоа прави сериозен притисок на компаниите, бидејќи немаат човечки ресурси, немаат луѓе за работа, многу тешко се наоѓаат луѓе кои што се со соодветни квалификации, изјави Ѓоргиевски.

Според податоците на Дражвниот завод за статистика во првиот квартал од 2025-та година, 3,2 проценти е растот на бруто домашниот производ, што е за три пати повеќе споредбено со лани. Поголем пораст е забележан во секторите: Градежништво и стручни, научни и технички дејности, административни и помошни услужни дејности од 7,1 процент, како и информации и комуникации од 4,8 отсто.

Матеја Петровски