Брзата пруга низ Македонија станува реалност. Владата и официјално ја почна постапката за реализација на големиот проет кој треба да овозможи патничкиот и товарниот сообраќај конечно да стане брз и ефикасен. Вицепремиерот и министер за транспорт Николоски соопшти дека веќе е донесена и одлука министерството за финансии да се задолжи на меѓународниот пазар за обезбедување средства за реализација на проектот. Постапката вели тој ќе биде целосно транспарентна.
„Станува збор за капитален проект, со двоколосечна пруга во должина од над 200 километри. Брзината за патничкиот сообраќај ќе изнесува 160 км/ч, додека за товарниот најмалку 120 км/ч. Рокот за реализација е пет години. очекуваме во текот на летните месеци да имаме поконкретни детали околу финансирањето на проектот, и секако да одиме кон фаза на избор на изведувач, кој што би почнал уште од оваа есен да работи на теренот. ќе работиме во заеднички проект, каде што и проектирањето и изведбата ќе бидат од еден изведувач и најверојатно ќе се оди според fidic правилата или според така наречен жолт fidic или според така наречен среден fidic, изјави вицепремиерот николоски“, изјави вицепремиерот Александар Николовски
Стартот на проектот за брза железница е овозможен откако Владата и официјално го формираше координативното тело кое ќе ја следи реализацијата на договорот за стартешко партнерство со Велика Британија кој освен железницата носи можност за финансирање на низа други капитални проекти во вредност од шест милијарди евра.

„Членови на координативното тело покрај мене се: Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Министерката за енергетика, минерални суровини и рударство, Министерот за дигитална трансформација, Министерот за здравство, директорот на Македонски железници-Инфраструктура, Генералниот секретар на Владата и Државниот првобранител, а телото може да кани и други гости по потреба, кои што ќе ја следат реализацијата на Договорот помеѓу Македонија и Велика Британија“, истакна вицепремиерот Николоски.
Брзата железница на Коридорот 10 ќе претставува нова ера во железничкиот транспорт на земјава, со директна врска помеѓу грчката и српската граница. Покрај пругата со средствата од поволниот кредит од Британија, планирани се поголем број инфраструктурни проекти, како реконструкција на болниците во Кичево и Тетово, како и изградба на Клиничка болница со медицински факултет и Студентски дом во Штип. Проектот за хидроелектраните Чебрен и Галиште исто така ќе се реализира преку стратешкото партнерство со Британија.
