Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Македонија

Азизи: Младите во фокусот на Оперативниот план за вработување за 2025-та година

Денес Владата официјално го објави јавниот повик за мерката 1.1 и мерката…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денес Владата официјално го објави јавниот повик за мерката 1.1 и мерката 1.2, кои се дел од Оперативниот план за вработување за 2025 година, една од најголемите програми за економска поддршка на граѓаните.

-Овој план се потпира на рекорден буџет од 40 милиони евра, што е за 7,5 милиони евра повеќе од минатата година, и претставува најамбициозна инвестиција на Владата на Македонија во областа на вработувањето и социо-економскиот развој. Јавните повици што денес се отвораат имаат за цел да ја поддржат самовработеноста, овозможувајќи им на граѓаните да отворат нови бизниси, да изградат нешто свое и да преземат конкретни чекори кон своето економско зајакнување. Нашиот фокус се младите кои бараат шанса да ја изградат својата иднина, семејствата кои тежнеат кон економска стабилност, новите претприемачи кои имаат идеи но немаат поддршка, како и невработените и корисниците на социјална помош, кои имаат потреба од реална можност за вклучување на пазарот на труд, истакна владината портпаролка Венера Љатифи Азизи.

Оперативниот план 2025 година не претставува само бројки. Над 16.000 граѓани директно ќе бидат опфатени, и секој од нив е посебен случај, особено посебна приказна што заслужува простор за развој и пред сè, заслужена поддршка.

Реклама

-Она што го правиме не се апстрактни мерки – туку конкретни активности кон поправеден и поинклузивен пазар на трудот. Морам да нагласам дека како Влада, остануваме силно посветени младите да бидат во фокусот на нашите политики затоа што тие се најперспективната енергија на оваа земја. Постојано инвестираме во мерки кои ја поттикнуваат самовработеноста, развојот на вештини и претприемништвото, затоа што веруваме дека секоја поддржана идеја денес е уште една можност за развој утре, рече таа.