Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Бизнис

ЈПДП: Нема отстапки од планираниот рок за пуштање на дел од автопатот Кичево-Охрид

Плановите за модерна патна инфраструктура се остваруваат. Во Македонија интензивно се градат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Плановите за модерна патна инфраструктура се остваруваат. Во Македонија интензивно се градат патиштата за кои долги години граѓаните чекаат да бидат завршени и конечно да се вози по современа инфраструктура по европски терк.

По повеќе од 10 години продолжување рокови, се гледа интензивна градежна активност на автопатот Кичево – Охрид. Планот е првите 40 километри да бидат пуштени во употреба пред стартот на летната сезона, со исклучок кај селото Ботун. Од Јавното претпријатие за државни патишта велат дека во моментов нема пречка тоа да не се случи. Во меѓувреме ќе се решава и проблемот со новите свлечишта со дополнителен проект.

На делот од Врбјани до Охрид, што треба да биде прв пуштен во употреба според ЈПДП интензивно се работи и веќе оваа траса се асфалтира , истовремено се работи на целиот автопат. Се градат пристапни патишта од околните села, се завршуваат активностите за целосно завршување на главната траса и интензивно се работи и на завршување на делот пред влез во градот Охрид .

Реклама

Започната е првата фаза на клучка Требеништа, а интензивно се работи од Подмоље до х. Амасадор на изградба на столбови за натпатник, изградба на потпорен ѕид, како и на изградба на фекална и атмосферска мрежа. Се работи и на натпатникот кај Св. Еразмо, но и на левата страна од Подмоље до Охрид каде се поставува еластична ограда во средишниот дел, а се вршат и припремни работи за асфалтирање на десната страна од главна траса, велат од Јавното претпријатие за државни патишта во интервју за МИА.

Планот на Владата е од Скопје до Охрид да се стигнува за час и половина. Тоа ќе се случи по завршувањето на автопатот Гостивар – Букојчани – Кичево што е практично и најтешката траса од Коридор 8 .  Бехтел и Енка по две години откако се потпиша договорот со минатата влада сега интензивно градат на терен . Според информациите од ЈПДП се гради на три делници од коридорите 8 и 10д Тетово – Гостивар, Гостивар – Букојчани и Прилеп Битола .  За коридорите во буџетот на министерството за транспорт годинава се планирани 130 милиони евра

– Од градежните активности што се одвиваат на трите делници (Тетово- Гостивар, Гостивар- Букојчани и Прилеп- Битола) се земјани работи на главна траса, изградба на пропусти, армирање и бетонирање на мостови, регулирање на времени сообраќајни режими, се вршат ископи, се изведува заштита на косини и сите активности се одвиваат со зголемена динамика. Вкупно исплатени средства на Бехтел и Енка се 301,088,222.79 евра, велат од ЈПДП.

 Владата ги решава проблемите и на автопатот Скопје – Блаце, откако министерот за транспорт откри во јавноста дека токму за оваа траса се местеле тендери за што вредноста на автопатот пораснала на 240 милиони евра. Од овој автопат се завршени се само 2 км до граница . За останатата делница од 10 км како што информираат од ЈПДП во тек е преткфалификација за избор на надзор.