Реклама
Македонија

Вистината за Кочани: зошто Мицкоски го штити началникот Томе Донев?

Зошто обвинителството ги амнестираше од одговорност сите актуелни полициски функционери на ВМРО-ДПМНЕ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Зошто обвинителството ги амнестираше од одговорност сите актуелни полициски функционери на ВМРО-ДПМНЕ поврзани со најголемата трагедија во поновата историја на Македонија – пожарот во дискотеката „Пулс“?

Од СДСМ денеска прашуваат дали обвинителството постапува по наредба на Христијан Мицкоски и дали на тој начин ги заштитува највисоките полициски структури во Кочани од одговорност.

Случајот, кој предизвика шок и бес во јавноста, повторно го отвора прашањето за селективната правда и политичката заштита во институциите. Опозицијата обвинува дека токму началникот Томе Донев, за кого има сериозни сомнежи за пропусти, ужива политичка поддршка од самиот врв на партијата на власт.

Реклама

Додека надлежните молчат, а правдата доцни, граѓаните бараат одговори.