Реклама

Тв Алфа ја посети Зоолошката градина по крвавиот случај со волците

Пренатрупаност, несоодветни материјални услови и здравствена заштита во затворите

Венецуела ден по разорните земјотреси- бројот на жртви расте, се бараат преживеани под урнатините

Бугарија има системска стратегија од 1968 година за рушење на македонскиот идентитет

Отчет на Мицкоски за две години влада: Економијата заздравува и расте

Со над 120 македонски уметници ќе се одбележат 35 години независност

Во вторник ќе се знае новиот владин кабинет: Некогаш реконструкција се прави промена на приоритетите

Алиу: За околу три недели ќе бидат објавени повиците за аплицирање за средства од програмата EU4Health

Алиу: Во политиката сум да променам нешто

Љутков: Две години процес на стабилизација, обнова и развој на културата и туризмот

Митева: Човек кој зад себе има огромни скандали и криминални состојби како Филипче, не може барањата за правда да ги претставува како закана

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот создава услови за поголеми инвестиции и поефикасна реализација на капиталните проекти

Економија

Стојаноска: Реалниот раст на БДП од 3,4% резултат на работата на Владата и парламентарното мнозинство

Македонија во првиот квартал од 2025 година оствари реален раст на Бруто…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија во првиот квартал од 2025 година оствари реален раст на Бруто домашниот производ од 3,4%. Овој успех не е случаен. Тој е резултат на координирана и посветена работа помеѓу Владата, Собранието и парламентарното мнозинство. Законодавната поддршка што ја даваме на Владата овозможи носење на клучни реформи и закони кои директно влијаеа врз забрзан економски раст, изјави денеска на прес-конференција пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска.

Како што истакна таа, во првиот квартал од годинава, највисок пораст е забележан во градежниот сектор, кој порасна за 13,2% во однос на истиот период лани.

– Овој резултат е директна последица на суштинските законски измени, особено измените и дополнувањата на Законот за градење, Законот за урбанистичко планирање и низа други законски решенија со кои што создадовме правна рамка која овозможува побрзо решавање на експропријацијата и предвидлива урбанистичка инфраструктура, реча Стојаноска.

Реклама

Според неа, благодарение на тоа, започнати и во полн интензитет се реализираат капитални проекти како изградбата на Коридорите 8 и 10-д, кои дополнително ја мобилизираат и стимулираат домашната економија. Паралелно со капиталните инвестиции, како што кажа, оваа Влада работеше и на зајакнување на куповната моќ на граѓаните.

– Со покачувањето на минималните и просечните плати, како и со континуираното усогласување на пензиите, го зголемивме нивото на приватна потрошувачка, која значително придонесе за економскиот раст. Ова покажува дека секоја одлука што ја донесуваме – било фискална, било социјална – директно влијае врз подобрувањето на животниот стандард и економската динамика, рече таа.

Нагласи дека ова темпо ќе продолжи да се одржува и дека фокусот ќе биде ставен на реформи, капитални инвестиции и стабилни јавни финансии и во текот на 2025 година ќе постигнеме годишен раст од најмалку 3,5 до 4 проценти, како што предвидуваат и нашите макроекономски анализи. Според Стојаноска, Македонија е на добар пат.