Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Македонија

Чибишев: Се потврдува дека модуларните болници биле изградени од несоодветен материјал, неизбежно е реотварање на овој процес за да се најдат вистинските виновници

„И пред четири години ние зборувавме нешто кое сега се актуелизира, како…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„И пред четири години ние зборувавме нешто кое сега се актуелизира, како тогашен страшен пропуст на тогашните власти кои дозволија во екот на пандемијата Ковид да се градат и да се поставуваат одредени објекти како што беа и овие модуларни болници кои беа апсолутно надвор од сите стандарди, надвор од сите пропишани протоколи за згрижување на тешки болни“, истакна директорот на Клиниката за токсикологија Андон Чибишев во гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија.

Чибишев укажа дека модуларните болници не беа објекти, не беа капацитети во кои требало да згрижуваат таква тешка патологија, такви тешки пациенти.

-Актуелната власт го покренува целото прашање меѓутоа во јавноста нема одговор од спротивната страна од опозиционите партнери да кажат дека не било така, нема коментари и повторно некако како да се турне под тепих меѓутоа тоа мора да се расчисти, рече Чибишев.

Реклама

Чибишев посочи дека модуларните болници се потврди дека биле изградени од несоодветен материјал.

„Гледајќи ги активностите на МВР секојдневно кое во моментот работи интензивно баш на некои вакви немили настани кои се случувале во минатото, мислам дека тоа ќе се реобнови и има коментари во јавноста и шпекулации дека има дополнителни докази и дека тоа ќе се реотвори и отвори процес во кои се надевам дека дефинитивно ќе се најдат вистинските виновници за оваа трагедија во модуларната болница, тоа го бараат и семејствата на загинатите, дециден е Чибишев.