Реклама

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Економија

Трипуновски: Податоците на ДЗС говорат дека носиме вистински и конкретни мерки во земјоделскиот сектор

„Со податоците со кои излезе Државниот завод за статистика, споредбено со првиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Со податоците со кои излезе Државниот завод за статистика, споредбено со првиот квартал од 2024 година и со првиот квартал од 2025 година, имаме сериозно поместување во позитивна насока”, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.

Министерот додаде дека податоците говорат дека изминатите 11 месеци се носат конкретни чекори и мерки кои вродуваат со плод.

„Во делот на откупот и продажба на земјоделските производи, ако се споредат првите квартали од 2024 и 2025 година, имаме сериозен раст во делот на житата – таму растот е 42%. Во делот на градинарството, споредбено со 2024 и 2025 година, имаме раст од 50%. Додека пак во делот на овоштарство и лозарство бележиме раст од 12%. Во сточарството имаме раст од 13%, во делот на млеко растот е 9%, а во делот на живина и јајца имаме раст од 63%”, појасни тој.

Реклама

Министерот додаде дека бројките му даваат дополнителна енергија за да продолжи со засилено темпо.

-Податоците за извозот исто така говорат дека во првиот квартал се бележи раст од 5%. Ако тоа се спореди со сумата, тогаш во првиот квартал од 2024 година извозот изнесувал 152 милиони евра, додека пак првиот квартал од 2025 година изнесува 163 милиони евра. Ако ваквата тенденција на раст продолжи, тогаш до крајот на годината може да се заврши со 40-50 милиони евра плус девизен прилив во однос на извозот на земјоделските производи, рече тој.