Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Далечинското затоплување на домовите е најсигурен и најевтин начин за намалување на загадувањето на воздухот

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на надзорната расправа во Собранието посветена на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на надзорната расправа во Собранието посветена на животната средина, по прашање на пратеничката Каролина Настовска, околу придонесот на домаќинствата во загадувањето на воздухот во поголемите градови и како тоа да се реши, го истакна следното:

„Нема друг начин, освен тоа за кое што веќе зборував. Тоа е да имаме далечинско централно затоплување. Не постои друг начин. Или ако продолжиме со процесот на секундарна и терцијална гасификација, па да донесеме дома, до домаќинствата гас, па потоа да се инсталираат гасни котли, кои што понатаму ќе продуцираат, во рамките на домаќинството топла вода за затоплување на домот. Онаму каде сега се користат дрва или некаде се користи екстра лесно масло за горење, некаде нафта итн или далечинско затоплување.

Како тоа можеме да го направиме? Само со организиран настап. Вториот начин е, ако гледаме парцијално на проблемите, за што не сум голем поборник, е да субвенционираме инсталирање на инвертер клима уреди, или пак субвенционирање на топлински пумпи, кои што би ги вградиле во своите домови, а со кои што тие понатаму би продуцирале затоплување и ладење на домот. Кога станува збор за затоплувањето, јас сум повеќе за далечинско затоплување, можеби ќе треба повеќе време но кога тоа ќе се заврши тоа значи дека сигурно имаме далечинско затоплување и сигурно имаме најевтин ресурс за затоплување на нашите домови.“