Реклама

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Македонија

Филипче ветуваше „европско здравство“, а создаде „Менгеле здравство“ – двете обвиненија за случајот Онкологија се доказ за тоа

Венко Филипче беше најлошиот менаџер и министер за здравство во историјата на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Венко Филипче беше најлошиот менаџер и министер за здравство во историјата на Македонија.  Двете обвиненија за случајот Онкологија се доказ плус за тоа. СДСМ на чело со Филипче како екс министер за здравство предизвика огромни финансиски загуби но и директно ги оштети онколошки болните кои остануваа без терапија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Деструктивните политики на Филипче и СДСМ, го уништија македонското здравство, во време на СДС и Филипче имаше бројни скандали во здравството како историскиот скандал на Онкологија. Мандатот на Филипче беше обележан и со недостиг на регистар за следење на онколошката терапија. Филипче е до гуша заглавен во скандалот со Онкологија. Филипче и Заев ветуваа „европско здравство“ а го претворија во  „Менгеле здравство“ и целосен крах на здравствениот систем поради лукративни причини. Филипче и СДСМ треба да знаат дека граѓаните повеќе нема да дозволат да бидат жртви на валканите игри кои со години го уништуваа здравствениот систем. Не постои семејство во државата која не е засегнато директно или индиректно со Онкологија и со работата на оваа здравствена установа, велат од владејачката партија.

„Во време на Филипче како министер за здравство, здравјето на граѓаните беше заложник на бизнис мафијата блиска до СДСМ. Последиците од Филипче и СДСМ во здравството се катастрофални и штетни. Крахот на македонското здравство во време на Филипче и СДСМ доведе до агонија кај пациентите, пациенти без терапии и без лекови, неефикасен систем на закажување термини и егзодус на лекарите. Филипче дозволи здравствениот систем да се распадне. СДСМ е синоним за корупција криминал и предавство“ -посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.