Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Македонија

Таравари на „баци рака“ во Тирана кај Еди Рама

Откако не му успеа да ја дестабилизира земјава и македонската влада, екс…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Откако не му успеа да ја дестабилизира земјава и македонската влада, екс министерот за здравство, Арбен Таравари замина онаму каде што бегаат сите албански лидери откако ќе ја изгубат поддршката во Македонија, Таравари отиде „на баци рака“ кај Еди Рама во Албанија.

Она што тој го посочува во соопштението како причина за неговата средба со Рама е со цел да му честита за победата на 11 мај. Средбата се одржа во просториите на Владата во Тирана, во пријателска и братска атмосфера.

По тој повод, г. Таравари ја пренесе најискрената честитка во име на Алијансата за Албанците за изборната победа и повторното добивање на довербата од граѓаните за Социјалистичката партија и нејзината визија за Албанија.

Реклама

„Со најевропскиот премиер во моментов или како што сите велат во овие денови: со Еди“, напиша Таравари по средбата.

А истиот тој Еди Рама во една негова изјава вели дека Артан Груби бил најдобар Албанец меѓу Македонците и најдобар Македонец меѓу Албанците, но од неодамна Груби беше ставен на американската црна листа, а македонските власти го бараат да одговара за финансиски криминал.

За време на разговорот беа дискутирани и прашања од значење за Албанците во регионот, како и потребата за зајакнување на меѓуалбанската соработка на сите нивоа – политичко, институционално и општествено, соопшти Таравари.

Алијансата за Албанците високо ја цени улогата на Албанија како клучен фактор во поддршката на демократскиот развој и правата на Албанците во регионот и изразува подготвеност за понатамошно продлабочување на таа соработка.