Реклама

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Македонија

Дал Мас – Муцунски: Активното вклучување на земјите од Западен Балкан сега е потребно повеќе од кога било

Генералниот секретар на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ), Франко Дал Мас денеска во Скопје…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Генералниот секретар на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ), Франко Дал Мас денеска во Скопје се сретна со министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија, Тимчо Муцунски. Присутен беше и италијанскиот амбасадор, Паоло Палминтери.

За време на состанокот, како што информира МНРиНТ, генералниот секретар ги презентираше приоритетите на ЦЕИ, потврдувајќи ја поддршката на оваа организација за европскиот пат на Македонија и признавајќи ја активната и конструктивна улога на земјата во рамките на ЦЕИ.

-ЦЕИ е посветена на поддршка на европската интеграција, промовирање на регионалната стабилност и зајакнување на конкретни алатки за соработка. Активното вклучување на земјите од Западен Балкан сега е потребно повеќе од било кога за изградба на покохезивна и побезбедна Европа, рече генералниот секретар Дал Мас. Во овој контекст, тој потсети и на зборовите на вицепремиерот и министер за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија, Антонио Тајани, според кој, пристапувањето на Западен Балкан не треба да се смета за проширување, туку за повторно обединување на Европа.

Реклама

Помеѓу иницијативите за кои стана збор за време на состанокот беше и програмата „Фалконе-Борселино“, настаната од соработката помеѓу српското претседателство на ЦЕИ и Италија, насочена кон зајакнување на борбата против организираниот криминал и корупцијата, како и активностите во областа на регионалното поврзување, особено по должината на коридорот Западен Балкан-Источен Медитеран.

Министерот Муцунски, изразувајќи благодарност и поддршка за работата на ЦЕИ, нагласи дека земјата ја гледа оваа организација како сигурен партнер и фундаментален канал за промовирање на стабилноста, развојот и конкретната соработка во регионот. Исто така изрази благодарност до министерот Тајани за неговата конкретна и постојана посветеност на дијалогот и интеграцијата на Западен Балкан.

Двете страни, исто така, ја потврдија својата посветеност во поддршката за Украина, поздравувајќи го доаѓањето на украинскиот заменик-генерален секретар во тимот на Секретаријатот.

Состанокот заврши со официјална покана од генералниот секретар Дал Мас до министерот Муцунски за посета на Секретаријатот на ЦЕИ во Трст.