Реклама

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Купување онлајн со плаќање на врата – граѓаните повеќе преферираат кеш отколку интернет трансакција

Опустошени улици, запалени објекти и автомобили – хаос во Франција по тензичната и насилна ноќ

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Македонија

Македонското научно здружение за аутизам слави 25 години

На 22-ри мај 2025 година, се одбележува значајниот јубилеј – 25 години…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На 22-ри мај 2025 година, се одбележува значајниот јубилеј – 25 години од основањето на Македонското научно здружение за аутизам (МНЗА). Овој ден претставува круна на четврт век исполнет со посветена работа, истражувања, едукација и поддршка за лицата со аутизам и нивните семејства.

Во 2000-та година, со силна волја и визија, група истакнати професионалци ја иницираа идејата за создавање здружение што ќе работи на унапредување на условите за живот, едукација и инклузија на лицата со аутизам.

Од тогаш па наваму, МНЗА растеше, се развиваше и стануваше сè поголем столб на поддршка и промени во македонското општество.

Реклама

Достигнувања низ годините:

Едукација и подигнување на свеста: Организирани се десетици семинари, симпозиуми и меѓународни конференции со учество на домашни и светски експерти. Последните пет години се одржаа околу 50-тина вебинари со водечки специјалисти во областа на аутизмот.

Практична поддршка: Долги години здружението обезбедуваше бесплатни дијагностички услуги и советување за семејствата на деца со аутизам.

Научни истражувања: Активно учество во 20 меѓународни истражувања и проекти, придонесувајќи за нови научни сознанија и подобри методи за поддршка.

Инклузивно образование: Посветена работа на создавање подобри услови за децата со аутизам во училиштата, овозможувајќи пристап до адекватни наставни програми и персонализирана поддршка.

Работна инклузија: Преку иницијативи за вработување, укажаа на важноста од создавање можности за лицата со аутизам, поттикнувајќи институциите да дејствуваат во насока на нивна интеграција на пазарот на труд.

-Во годините што следат, нашата мисија останува јасна – да продолжиме да се бориме за правата, поддршката и инклузијата на лицата со аутизам. Нашата визија е општество што ги прифаќа различностите, обезбедува можности за напредок и ја негува солидарноста. Со оваа прослава, сакаме да упатиме длабока благодарност до сите членови, поддржувачи, донатори и волонтери кои со својата несебична посветеност помогнаа да го изградиме здружението во она што е денес. Скромната свеченост ќе се одржи на 22 мај во салата за седници на Филозофскиот факултет во Скопје со почеток во 13:30 часот. Доколку некој од медиумите сака да земе изјава ќе ве замолиме да бидете таму најдоцна до 13:10 часот, бидејќи не сакаме да доцниме со започнување на настанот. Во прилог Ви ја праќаме поканата и програмата на настанот, велат од МНЗА.