Реклама

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Македонија

Мицкоски за стратешкото партнерство со Обединетото Кралство: Ова е архитектура за иднината на Македонија

Вчера во Тирана беше постигната согласност за заеднички договор за стратешко партнерство…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вчера во Тирана беше постигната согласност за заеднички договор за стратешко партнерство со Обединетото Кралство. овој чин не е само симболика, тој е голем неповратен чекор во изградбата на иднината што ја заслужуваат нашите граѓани, изјави денеска премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски на заедничката прес конференција со амбасадорот на Велика Британија Метју Лосон.

-Нашите две држави ги поврзуваат заеднички вредности кон кои се стремиме и за кои се бориме да ги воспоставиме слобода, демократија, владеење на правото, одлучност да се справиме со заканите врз мирот и стабилноста, длабока посветеност кон безбедна и просперитетна Европа. Ова партнерство значи многу повеќе од билатерален аранжман, ова партнерство е архитектура за иднината и токму затоа ја отвараме врата за највисоко ниво на соработка со Обединетото Кралство, појасни премиерот Мицкоски.

Во одбраната, во борбата против организираниот криминал и нелегалните финансии, во образованието, здравството и културата, младинските политики, економскиот развој и инвестициите. Со овој документ двете Влади испраќаат силна порака дека интересите на граѓаните се најважни а дека политиката е моќен инструмент кога создава вредности а не поделби, посочи Мицкоски.

Реклама

Договорот е резултат долгорочна работа, рече Мицкоски.

-Овој договор е резултат на месеци сериозна работа помеѓу нашите тимови, а вчера тој труд се претвара во јасна визија. Партнерството што го формализираме ќе придонесе за модернизација на нашите воружени сили и подлабока интеграција во НАТО стандардите, ќе ни овозможи да ја зголемиме безбедноста на границите и да се спротиставиме на трговијата со луѓе и шверцот, ќе овозможи досега најсилна економска соработка меѓу двете Влади, вклучително и во капитални инвестиции и во инфраструктурата, здравството и енергетиката понатаму. Ќе ја засили соработката во областа на образованието, дигиталната трансформација, иновациите, ќе ги поврзе нашите млади, преку креации, културата и новите технологии рече премиерот.