Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Улусој: Помеѓу Турција и Македонија имаме континуирано зајакнување на соработката

Помеѓу Турција и Македонија имаме континуирано зајакнување на соработката која опфаќа повеќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Помеѓу Турција и Македонија имаме континуирано зајакнување на соработката која опфаќа повеќе области и институции. Со секој минат ден ја интензивираме и ја издигаме на повисоко ниво нашата соработка со оваа пријателска и сојузничка земја, соопшти денеска на прес-конференција турски амбасадор во земјава Фатиџ Улусој.

Потсети дека на 28 февруари годинава премиерот Христијан Мицкоски реализираше посета на Турција, а во Истанбул се сретна со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, на која беше договорено основање на заеднички виш совет за стратешка соработка меѓу двете земји.

Прашан за последниот случај во Штип каде почина турски државјанин, дали имаат соработка со МВР и какви превентивни чекори можат да се преземат, Улусој вели дека не е во ред да коментира.

Реклама

– За настаните кои ги споменавте се одвива правен процес и сметам дека не би било во ред ние да коментираме, појасни турскиот амбасадор Улусој. Додаде дека денес се одбележува 15 Мај – Денот на семејството и изрази задоволство од можноста да се развива соработката за теми кои се повразни со надлежностите на министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани.

Дваесет и пет годишниот Е.О, странски државјанин, беше убиен ноќта на 9 мај 2025 година во угостителскиот објект „Вами“ на Градскиот плоштад во Штип. Во Клиничката болница-Штип бил донесен без знаци на живот, со неколку прострелни рани. Лекарите пробувале да го реанимираат, но обидите биле несупешни. Лицето кое пукало во починатиот Е.О. беше во бегство.

Истата ноќ во 22:15 часот на наплатната рампа Миладиновци, во заедничка акција на СВР Штип, СВР Скопје и сообраќајната полиција, било запрено патничко возило „бмв“ со штипски регистарски ознаки, во кое биле А.Х., Т.М., О.М. и А.О., при што А.Х. се дал во бегство, а другите лица биле лишени од слобода. Во акцијата беа вклучени полициски службеници, а бил употребен и дрон. Набргу, по преземени мерки, и сторителот К.К. бил пронајден и приведен.