Филипче по повод 9 мај: Да го продолжиме патот на мирот, соработката, слободата и солидарноста
Честитка по повод денот на победата над фашизмот и денот на Европа…
09.05.2025
Сподели:
Фото: Алфа Вести
Честитка по повод денот на победата над фашизмот и денот на Европа упати и претседателот на СДСМ – Венко Филипче. „9-ти мај е ден кога се потсетуваме колку значи слободата и зошто не смееме да ја заборавиме цената што е платена за неа. Денеска се навраќаме на еден од најважните денови во историјата – победата над фашизмот. На овој ден се стави крај на омразата, на убивањата, на уништувањето, на поделбите. Денеска оддаваме почит на борците од народноослободителната војна, кои ги дадоа своите животи за слободата која денес ја живееме. Истовремено, денес е и денот на Европа, ден кога ги славиме европските вредности, од кои никогаш не смее да се откажеме. Мора цврсто да продолжиме по патот на мирот, соработката, слободата, солидарноста“, порача во честитката претседателот на СДСМ, Венко Филипче.