Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Томовски: Бројот на општини кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги освои нема да биде само повторен, туку ќе биде и зголемен

Директорот на Службата за општи и заеднички работи и член на ЦК…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Директорот на Службата за општи и заеднички работи и член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Томовски, во своето последно интервју говореше за претстојните локални избори и ги прецизираше критериумите и филтрите кои кандидатите за градоначалници треба да ги исполнат. Томовски додаде дека бројот на општини каде ВМРО-ДПМНЕ ја има локалната власт, не само што ќе се повтори , туку истиот ќе биде и зголемен.

Томовски го повика Филипче да ги покаже анкетите кои тој изјави дека ги има на јавноста, со цел да се обзнани од каде се истите.

-Не покажал никакви анкети, го отповикувам јавно да ги обзнани кои се тие анкети и да ги видиме, да видиме дали се од некоја меродавна институција која што може да ги даде тие анкети. Но, јас ве убедувам дека не е тоа така, бидејќи доколку беше тоа така уште вчера ќе имавме протести по улиците и барање на предвремени парламентарни избори, вели Томовски.

Реклама

Томовски објасни дека во претстојниот период, не само што ќе биде повторен истиот број на општини каде што актуелни се градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, туку ќе биде и зголемен, особено сега, кога се случува градежна експанзија низ целата држава. Тој додаде и дека кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, најпрво треба да исполнат три параметри.

-Кандидатите кај нас треба да поминат филтер, односно треба да исполнат три параметри. Првиот параметар е да поминат на анкети на анкети на јавно мислење. Се отпочнуваат постапките, ќе почнат да се прават и анкетите. Прво да видиме народот што мисли за тие кандидати бидејќи имаме потенцијални, истите кандидати, и плус имаме нови потенцијални кандидати, истакна Томовски.

Томовски посочи дека еден од параметрите е градоначалниците да бидат поддржани од самата структура внатре во партијата.

-Вториот параметар е да ги поддржи структурата односно партиските општинските комитети месните комитети. Онаа наша база која што традиционално ја прашуваме и го креираме мислењето за потенцијални кандидати. И резултатите, оние релевантни резултати, кои што ги постигнале до сега, прецизираше Томовски.