Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Стаменкоска Трајкоска: Владејачкото мнозинство е стабилно, победник на локалните избори ќе биде ВМРО-ДПМНЕ

Во било какво можно сценарио или било каква страшна состојба, владејачкото мнозинство…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во било какво можно сценарио или било каква страшна состојба, владејачкото мнозинство во парламентот е многу стабилно, бројот на пратеници е во секој момент 75 или повеќе’’, истакна пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бети Стаменкоска Трајкоска.

Пратеничката појасни дека двотретинското мнозинство не е проблем, бидејќи законските решенија коишто се добри и квалитетни, имаат поддршка од поголем број на пратеници. Во однос на моменталната политичка состојба, таа појасни дека Таравари има само два избори кои се повеќе од јасни.

„Господинот Таравари има два избора, а тоа е поддршка на реформите и се она што значи надеж за добра иднина на Македонија или повторно да се врати назад, во она скандалозно и коруптивно семејство кое за жал 7 години владееше на овие простори’’, нагласи Стаменкоска Трајкоска.

Реклама

Стаменкоска Трајкоска во емисијата се осврна и на коментарите на пратеничката Тренчевска, каде што на прашањето за реформи во државата, пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ директно одговори дека во државата се работи на многу реформи во скоро сите општествени сфери.

„Со тоа што го имаме сработено и што го работиме, правиме реформи, и кога веќе го споменав образованието ќе кажам дека учебната година почна со учебници што беше мисловна работа во минатото. Учебната година почна со опрема и почна на многу поорганизиран начин отколку што беше претходно. Така што верувајте ми, на локалните избори нема да бидат 42 градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, туку ќе бидат многу повеќе, бидејќи за овие 42 градоначалници досега не слушнавме ниту еден скандал, а сите ги имаат реализирано своите програми’’, потенцираше пратеничката.

Стаменкоска Трајкоска заклучи дека оваа година ќе има само локални избори, на кои победник ќе биде ВМРО-ДПМНЕ.