Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Ковачки: Заврши времето на уцени и закани од ДУИ, потребно е да ги исчистат криминалците од своите редови и да се реформираат

„Завршено е времето на закани и уцени од страна ДУИ. Македонија е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Завршено е времето на закани и уцени од страна ДУИ. Македонија е веќе членка на НАТО и секоја закана кон стабилноста на државата е и закана на меѓународното крило на НАТО“, прецизираше во своето излагање пратеникот од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија.

Ковачки говореше дека во политичката партија ДУИ е потребно да се реформираат доколку сакаат да бидат фактор на политичката сцена. Тој е дециден дека во ДУИ е потребно да се фокусираат на работи коишто носат развој на државата, да ги поздрават проектите на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и да се приклучат кон проектите, бидејќи само така се гради сериозна држава.

„Во ДУИ треба да се реформираат. Тука не говорам за Ахмети или конкретни личности, туку говорам генрално за партијата како политички субјект. Треба да се исчистат од криминалците, да ги отстранат од своите редови доколку сакаат да бидат фактор на политичката сцена“, категоричен е Ковачки.

Реклама

Тој е дециден дека во ДУИ е потребно да се фокусираат на работи коишто носат развој на државата, да ги поздрават проектите на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и да се приклучат кон проектите, бидејќи само така се гради сериозна држава.

„Да се фокусираат на работи коишто носат развој на државата, носат прогрес и работи коишто не приближуваат до европските стандарди, до европските вредности. Да ги поздрават проектите на оваа Влада која што макотрпно работи и ги гради, коишто веќе се видливи, бидејќи така се гради една сериозна држава“, заклучува Ковачки.