Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Јаневска: Развиваме нова образовна квалификација – специјалист за мехатроника на камиони и тешки возила

Министерството за образование и наука и Швајцарската развојна организација Хелветас преку регионалната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за образование и наука и Швајцарската развојна организација Хелветас преку регионалната програма RECONOMY, финансирана од Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Sida) ќе соработуваат во развојот на нова образовната квалификација – специјалист за мехатроника на камиони и тешки возила, на почетокот како дел од образованието за возрасни, а понатаму како дел од формално стручно образование. Поддршка на целиот процес, како што информираат од МОН, обезбедува шведската компанија Волво.

-Со денешното потпишување на меморандум за соработка помеѓу министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, и менаџерот на програмата, Пауло Родригез, се воспоставува стратешко партнерство кое ќе овозможи воведување на нова, високо-барана квалификација во индустријата за камиони и тешки товарни возила, стои во соопштението од МОН.

Министерството за образование и наука посветено работи на зајакнување на стручното, посебно на дуалното образование како сигурен модел кој продуцира кадри со вештини за кои пазарот на труд има потреба. Ресорната министерка Весна Јаневска, по потпишувањето, нагласи дека посебно е значајно воспоставувањето на партнерство со Волво, како еден од глобалните лидери во иновации и одржливост.

Реклама

-Очекуваме проектот да резултира со нова наставна програма и наставни материјали, обука на наставници, обезбедување неопходна опрема, како и можности за практична настава, рече Јаневска, додавајќи дека се видливи резултатите од бројните активности за подигнувањето на квалитетот на стручното образование и обуката, се вели во соопштението.

Бројот на запишани ученици во средното стручно образование од година во година расте. Во последнава учебна година во средните стручни училишта се запишаа 11.753 ученици, во прва година. Дуалното образование е застапено во 62 училишта, а над 550 компании се вклучени во практична настава на овие ученици.

Министерството за образование и наука, се вели во соопштението, како висок приоритет го има зголемувањето на квалитетот на стручното образование и неговото прилагодување кон потребите на пазарот на трудот.