Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Димовска се сретна со Усватов, директор на Програмата за владеење на правото за ЈЕ на Конрад Аденауер

Генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска и заменик -генералниот секретар, Никола Ѓошевски,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска и заменик -генералниот секретар, Никола Ѓошевски, денес остварија средба со Павел Усватов, директор на Програмата за владеење на правото за Југоисточна Европа на Фондацијата Конрад Аденауер.

На средбата присуствуваше и Давор Пашовски, програмски менаџер на Фондацијата.

Соговорниците ги разгледаа можностите за воспоставување институционална соработка помеѓу македонското Собрание и Програмата за владеење на правото на Фондацијата Конрад Аденауер.
Димовска, ги информираше претставниците на Фондацијата за досегашната соработка со германскиот Бундестаг, за одличната соработка на собраниските службеници од двата парламента преку која беа реализирани неколку значајни проекти во нашиот законодавен дом.

Реклама

Соговорниците ја нагласија потребата за организирање на обуки наменети за собраниските службеници, како и стручна поддршка во неколку клучни области, меѓу кои и процесот на ЕУ интеграции, улогата на работните тела при усогласување на законодавството, како и запознавање со преговорите по кластери и процесите поврзани со европските интеграции.

Исто така, беше истакната важноста за обезбедување на стручна поддршка на собраниската службата во однос на парламентарниот надзор, како и зајканување на етичките стандарди.

Двете страни се согласија дека заедно може многу да се направи за зајакнувањето на капацитетите на собраниската служба преку таргетирање на приоритетите и потребите на Собранието.