Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Прилози

Мицкоски: За жал господинот Ахмети изгледа се уште живее во минатото

За жал Али Ахмети изгледа се уште живее во минатото. Заканите на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За жал Али Ахмети изгледа се уште живее во минатото. Заканите на лидерот на ДУИ со кои директно удира по правосудниот систем и се заканува дека ќе извадел народ на улица за протести, ако Обвинителството реши да поднесе обвинение за поранешниот министер за економија Крешник Бектеши за големата трагедија во Кочани, според премиерот Христијан Мицкоски се доказ дека на Ахмети тешко му паѓаат опозициските денови, а со закани се обидува да ги спасува своите соработници кои на грбот на граѓаните станале милионери минативе години.

-Да гледаме во иднината, а не во минатото. За жал господинот Ахмети изгледа се уште живее во минатото, затоа што ако живее во сегашноста ќе може да направи огромна материјална разлика помеѓу минатото и луѓето од минатото и сегашноста во која што тој е во опозиција, а околу него има многу милионери кои што на грбот на граѓаните во Македонија се збогатија, изјави Мицкоски.

Осуда за заканите на Ахмети испрати и првиот човек на СДСМ, Венко Филипче. Според него правото на протест не смее да се користи во политички цели. Но, сепак не исклучува можна соработка со ДУИ на локалните избори. Во моментов траеле преговорите со другите политички субјекти и за брзо ќе се знаело како социјалдемократите ќе настапат на изборите во октомври.

Реклама

-Сметам дека правото на протест е уставно загарантирано, меѓутоа апсолутно не сметам дека треба да се злоупотребува во политички цели. Ние веќе го започнавме процесот на разговори и пронаѓање на партнери за следниот период, циклусот на локални избори, еден дел од преговорите веќе постепено се заокружуваат, други траат, трети допрва ќе почнат, изјави Филипче.

Директна осуда за заканите за дестабилизација упати и Демократскиот сојуз. Од таму ги повикуваат надлежните органи да преземат решителна акција за спречување на безбедносно политичка криза, каква што има намера да предизвика Ахмети. Од партијата на Павле Трајанов велат дека таква мафијашка уцена и притисок врз Обвинителството и судовите е невидена во Македонија.

Матеја Петровски