Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Мицкоски: За мене е неприфатливо доколку Таравари ја поддржва ДУИ

За премиерот Христијан Мицкоски неприфатливо е коалицискиот партнер Арбен Таравари да договара…

Сподели:

За премиерот Христијан Мицкоски неприфатливо е коалицискиот партнер Арбен Таравари да договара со ДУИ како ќе настапи на претстојните локални избори. Очигледно е дека ако Таравари е на линија со Ахмети, нема да остане дел од Владата, туку ќе замине во опозиција. За ова ќе се знае утре откако ќе помине договорената средба на Таравари и Мицкоски. Премиерот вели дека очекува да слушне јасен став од партнерот во Владата, дали има намера со Ахмети да крои планови за претстојните локални избори.

Изминатиов месец политички земјотрес го тресе албанскиот блок. Таравари на официјалното започнување на градежните работи на автопатот Тетово – Гостивар се поздрави само со премиерот Христијан Мицкоски, а ги изгнорира бившите коалициски партнери од Вреди, Изет Меџити и Билал Касами. Таравари во Слупчане му пружи рака на Али Ахмети.

Тиквата пукна пред неполн месец. Еден од лидерите на партиите од „Вреди“, Изет Меџити, го обвини коалициониот партнер, Арбен Таравари, дека имал тајни средби со Ахмети и со олигарси. За нападите од коалициските партнери Меџити и Касами, Таравари рече дека од неговата партија досега не кажале ништо лошо за другите во коалицијата и дека ќе продолжат да бидат конструктивни.

Реклама

Инаку, несогласувањата во Вреди кулминираа откако Таравари не се согласи со Меџити, Касами и Ибрахими на локалните избори коалицијата да настапи со заеднички листи за советници и кандидатите за градоначалниците. Тој информираше дека Алијанса на Албанците ќе оди со свои листи на локалните избори.