Владината коалиција е одлична. Премиерот Христијан Мицкоски уверува дека случувањата во Вреди нема да влијаат на стабилноста во владиното мнозинство. Одлуката на Арбен Таравари да ја напушти коалицијата со Изет Меџити, Африм Гаши, Билал Касами нема да влијае негативно врз Владата во периодот што следи.
-(Како ја оценувате владината коалиција?) Одлична, одлична, изјави Мицкоски.
Останува отворено дали Таравари ќе остане министер за здравство по најновите случувања на политичката сцена. Според она што беше најавено по првомајските празници премиерот ќе седне на маса со него, по што ќе се знае иднината на Алијанса во владината коалиција. Мицкоски потврди дека средбата ќе се случи наредниве денови.

-(Кога се очекува средба со Арбен Таравари?) Па ќе се случи, изјави Мицкоски.
Дека Владата е стабилна претходно потврдија и вицепремиерите Изет Меџити и Александар Николоски. Тие порачаа дека турбуленциите во албанскиот коалиционен блок немаат капацитет да го урнат мнозинството. Николоски порача и дека за ДУИ нема место во актуелната владина коалиција, а партиите кои решиле да соработуваат со нив, вршат политичко самоубиство.
Матеја Петровски
