Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Зa судиите и обвинителите главен проблем се парите, а не критиките што ги добиваат од сите страни

Изминативе години резултатите на судството се еднакви на нула. Неефикасност корупција, скандалозни…

Сподели:

Изминативе години резултатите на судството се еднакви на нула. Неефикасност корупција, скандалозни одлуки, бавна правда и стопена доверба на граѓаните од само 2%. Судиите побараа и независен судски буџет, а оставки за нив не се реформи. На овие изјавие дел од експертите реагираат дека на судиите очигледно им се битни само парите и ништо друго. Поранешниот антикорупционер Воислав Зафировски вели дека интегритетот нема никаква врска во какви услови работат судиите и колкава е нивната плата. Тој очекува пакетот од закони наменети за судството кои што ги подготвува правда, конечно да ги заузда судиите и тие да се доведат во ред.

И покрај сите критики на ЕК за корупција и партизирано неефикасно судство, критиките на граѓаните како и на експертите, сепак судиите тврдат дека независно судство може да има само со независен судски буџет.

Претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски бара судската власт да има свој независен буџет за да можат судовите независно да функционираат. Во однос на скандалозите одлуки и апелите за оставки на челниците на Судскиот совет, Камбовски вели оставките не носат и реформи.

Реклама

И претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев вели дека судовите не може да бидат ефикасни ако нема доволно пари.

Инаку, изминатава недела министерот за правда, Игор Филков информираше дека дел од законите на реформската агенда за судството се во финална фаза. Завршени се предлог законите за судскиот совет, Обвинителство, Кривичниот законик, за платите на обвинителите и за судска служба. Во подготвителна фаза е Законот за судскиот буџет и се уште не е прецизирано на кој начин ќе се финансира судската власт во Македонија.